X
 20.08.2015 Образование

Родителите и наставниците едногласни: Стандардните тестови се бескорисни

Родителите сметаат дека стандардните тестови се бескорисни, но сепак сметаат дека учениците треба да ги полагаат. „Education Next“, списание кое објавува истражувања во образованието секоја година спроведува анкета во која учествуваат родители и наставници. Резултатите од оваа година се малку контрадикторни.


Едно од прашањата на анкетата било поврзано со полагањето тестови од страна на учениците. Поголемиот дел од родителите изјавиле дека учениците треба да полагаат тестови.

Само 32% од родителите изјавиле дека тие самите треба да имаат право на избор дали децата ќе полагаат тестови.


Меѓутоа, родителите не мислат дека тестовите се добар показател за знаењето на учениците. Тие мислат дека тестирањето може да биде еден начин за праведно оценување, но не се совршени за проверка на знаењето.


Како би требало да се интерпретира анкетата во овој случај?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование