Годишно во Европа се фрлаат околу 25 милиони тони пластика и добар дел од нив завршуваат во морето.
Со оглед на тоа дека станува збор за вештачки материјал кој никогаш не може да се разгради докрај, микрочестичките од пластиката загадиле 70 отсто од рибниот фонд.
- Стиропор, пластични тапи кои ги има од храната, од пијалаците, медицински тапи, козметика, пластични чаши, еднократен пластичен прибор, чепкалки за уши - нив ги има многу и општо има некаков неидентификуван пластичен отпад. 80 отсто од отпадот во морето доаѓаат од копно, така што само 20 отсто настанале на самото море - истакна Тихана Араповичќ, соработничка и едукаторка во сплитското здружение „Сунце“.
На последната седница на ОН за животната средина беше испратено алармантно предупредување - светските мориња и океани се во „пластична криза“. Годишно во Европа се фрлаат околу 25 милиони тони пластика и добар дел од тоа завршува и во морето, па алармантен е податокот дека дури 7 од 10 риби во Јадранот во себе имаат траги од
микропластика.