Последната деценија речиси секој совет за кариерата или успехот е поврзан со програмирањето. Експертите сметаат дека наскоро сите ќе знаеме да програмираме, па затоа ги советуваат сите да почнат да учат програмски јазици. Но, како да се почне?
Фото: Pixabay
Со помош на „Јунити“, платформа за видеоигри, може да почнете веднаш. Од минатата недела платформата почна бесплатно да нуди курс за развивање интерактивен софтвер, а не е потребно искуство за да го следите.
Курсот вклучува видеа кои ќе ви одземат 35 часа. За време на
курсот се почнува со учење на основите на програмскиот јазик C#, а подоцна се учи и развивање на целосна видеоигра.
Фото: Pixabay
На „Јутјуб“ веќе има многу корисни видеа за програмирање од „Јунити“, но ова е ретка можност да се следи сертифициран курс од платформата, и тоа бесплатно. Курсот може да го пронајдете
овде.
Автор: Марк Вилсон
Извор:
fastcompany.com