X
 02.04.2020 Уметност

Виртуелни прошетки во домовите на најславните уметници

Убавината на музеите е во тоа што кога ги посетуваме, можеме да уживаме во уметноста создадена од најталентираните и најпопуларни уметници. Со оглед на тоа што домот е огледало на нашиот карактер,  домовите на уметниците може да ни покажат какви биле тие. Во продолжение следуваат неколку прошетки низ домовите на некои од најславните уметници.


Фото: salvador-dali.org

Салвадор Дали

Во 1930 година шпанскиот уметник се преселил во селото Порт Лигат во Шпанија. Тој купил мала куќарка и во следните 40 години ја проширил и ја декорирал. Изгледот на куќата е каков што би очекувале од Дали.


Фото: museofridakahlo.org

Фрида Кало

Позната како Сината куќа, домот на Фрида Кало бил изграден во 1904 година од нејзиниот татко. Во оваа куќа уметницата го поминала целиот живот.


Фото: giverny.org

Клод Моне

Прошетката низ куќата на Моне во Франција изгледа надреално бидејќи тоа е како да шетате во негова слика. Насекаде има бои. На почетокот куќата била помала, но уметникот ја проширил.


Фото: vinci-closluce.com

Леонардо да Винчи

Куќата на Леонардо да Винчи во Франција била изградена во доцниот 15 век. Таа му станала дом на уметникот во 1516 година, кога Да Винчи имал 64 години.

Автор: Добрина Жекова
Извор: departures.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност