Сириски уметници нацртале потресен мурал на урнатините на зградите во Африк и на тој начин ја изразиле болката предизвикана од земјотресите што неодамна ги погодија Турција и Сирија.
Азиз Есмер, Селам Хамид и Мухамед Енис Хамдун, кои со години користеле мурали за да му кажат на светот за интензивните напади на режимот на Башар Асад и неговите сојузници во Северозападна Сирија, овој пат зборуваат за уништувањето и страдањето предизвикано од земјотресите.
Муралот е насликан на урнатина во една од населбите што биле најтешко погодени од земјотресот. На муралот може да се види сирискиот збор за земјотрес, рака и рането срце, кои испраќаат потресна порака за страдањето на луѓето погодени од катастрофата.
Извор:
Buka
Насловна фотографија: Ömer Alven/
Agencija Anadolija