Биопечатачи се 3Д-печатачи што работат со биолошки материјали. Тие стануваат сè попопуларни во областа на медицината каде што може да се користат за создавање органи. Научниците успеале да создадат биопечатач кој е лесно подвижен и ќе може да им биде достапен на повеќе луѓе.
Шон Марфи, главен автор на истражувањето, открива дека со биопечатачот може да се третираат големи рани на секакви локации. Уредот функционира на тој начин што се полни со клетки од пациентот, кои потоа се мешаат со хидрогел. Машината ја користи оваа комбинација да отпечати кожа на раната. На некој начин, уредот го копира природниот процес на лекување.
Доколку уредот се покаже успешен, ќе направи вистински промени во лекувањето на раните.
Фото: Pixabay
- Технологијата има потенцијал да ја елиминира потребата од болни кожни графтови кои предизвикуваат понатамошно обезличување на пациентите со големи рани или изгореници - изјави Антони Атала, еден од истражувачите.
Уредот се прави од страна на
истражувачи на Институтот за регенеративна медицина „Вејк форест“. Џејмс Ју, друг истражувач што работел на уредот, објаснува дека со користењето на клетките од самиот пациент се забрзува заздравувањето на раната.
Истражувачите моментално ја тестираат долгорочната ефикасност на технологијата за да се осигурат дека уредот ќе биде ефективен и надвор од лабораторијата.
Автор: Лукиа Пападопулос
Извор:
interestingengineering.com