X
 09.09.2017 Здравје

Да бакнам, да помине: Се потврди дека најстариот лек навистина дејствува


Мајка и ќерка
(Фото: Pixabay)


Што треба да се направи кога детето ќе падне и ќе се изгребе – повреденото место се бакнува за да помине болката. Сега имаме и научно објаснување за овој најстар лек на светот.

Отсекогаш се знаело дека плунката има некакво влијание врз подобро зараснување на раната, но не било познато какво и колкаво. Стручните лица тврдат дека бакнежот навистина може да го забрза заздравувањето.

Клучот е во плунката, што е причина зошто раните во устата брзо зараснуваат.

„Ова откритие отвора нови алтернативи за подобро разбирање на заднината на зараснувањето на раните во устата и на кожата. Веруваме дека ова е чекор напред во дизајнирањето подобри пристапи за поефективно зараснување на раните и на други места на телото, освен слузокожата во устата“, рекол професорот Висенте Торес од Универзитетот во Чиле.

Во текот на истражувањето ги тестирале ефектите од хистатин-1 на нови крвни садови. Се покажало дека молекулата поттикнува создавање нови крвни садови и подобрување на миграцијата на клетките. Научниците веќе почнале да ги користат овие молекули за создавање материјали и имплантати кои ќе помогнат за побрзо зараснување на раните.

„Досега беше познато дека пептид хистамин-1, кој плунката го содржи во големи количини, ја подобрува подвижноста на клетките во устите на лабораториските животни. Но, не ни беше познато дека е клучен за создавање нови вени“, објаснил проф. Торес.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје