За многу луѓе летото е време на сончање и поминување цели денови на плажа или базен. Меѓутоа, според научници од Универзитетот во Манчестер, тоа можеби не треба да се практикува цел живот.
Освен што може да придонесе за зголемување на ризикот за рак на кожата и да ја оштети ДНК на клетките, „печењето“ на сонце може да ја намали способноста на кожата за одбрана од патогени, што може да доведе до состојби како егзема или псоријаза.
Како најголем орган на човечкото тело, кожата е дом на комплексни групи бактерии кои го штитат телото, познати како микробиом.
- Краткотрајното, но интензивно изложување на сонце „значително влијае на различноста и составот на микробиомот на кожата - открила Абигејл Лангтон од универзитетот.
Научниците заклучиле дека дури и кратката изложеност на сонце може да доведе до акутно намалување на протеобактерии, што го оштетува микробиомот на кожата.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay