Група научници откриле доказ за вулкани од мраз на џуџестата планета Плутон. Се претпоставува дека овие вулкани ја обликувале површината на планетата.
Доказите за криовулканизам биле собрани со фотографии направени за време на мисијата „Њу хорајзонс“ на американската вселенска агенција НАСА во 2015 година. НАСА претходно се сомневала дека на Плутон има криовулкан со големина на Мауна Лоа, а новото истражување покажува дека агенцијата веројатно била во право.
Вулканите од мраз на Плутон се импресивни и некои се високи до 7 километри. Тие се наоѓаат во дел со малку кратери што покажува дека вулканите неодамна исфрлале замрзната материја која ја обликувала површината.
Меѓутоа, овие вулкани функционираат со помош на врел извор, што покажува дека се зачувува топлина во внатрешноста на планетата.
Научниците претходно откриле докази за криовулканизам и во други делови од Сончевиот Систем, како на џуџестата планета Церера и месечината на Сатурн, Титан.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Pixabay