X
 12.10.2021 Наука

Ерупцијата на вулканот на Ла Палма се гледа и од вселената

Нови сателитски фотографии ја покажуваат ерупцијата на вулканот на Ла Палма од вселената. Фотографиите биле направени од сателитот „Коперникус сентинел-2“ на Европската Унија во неделата, а на нив се прикажува течење на лавата од вулканот Кумбре Вијеха на шпанскиот остров.

Почнувајќи од оваа недела, шпанската морнарица помага во чистење на вулканската прашина што покрила голем дел од островот и претходно довела до стопирање на работата на аеродромот. Авионите сега повторно летаат, но некои од нив со задоцнување.


Фото: Copernicus

Досега биле уништени над 1.000 градби, а над 6.000 луѓе биле евакуирани од домовите од почетокот на ерупцијата на 19 септември. На 28 септември лавата стигна и до Атлантскиот Океан.

Од шпанскиот геолошки институт изјавиле дека имало 21 сеизмичко движење, од кои најголемото било со јачина од 3,8, во неделата. Земјотресите биле почувствувани во неколку региони од островот.



Ла Палма е дел од шпанските Канарски Острови, архипелаг во Атлантскиот Океан во близина на Северозападна Африка.

Извор: Sky News 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука