X
 02.04.2022 Наука

Научниците создале нова порака што сакаат да ја пратат до можните вонземјани

Меѓународни истражувачи водени од Џонатан Џианг од американската вселенска агенција НАСА се на мисија да најдат начин за комуницирање со вонземјани. Сè уште не сме откриле знаци за вонземен живот, но научниците во НАСА работат на пораката што би ја испратиле до вонземјаните доколку некогаш ги пронајдеме.

Најновата порака на која работеле научниците вклучува вовед во математика, хемија и биологија како што ја разбираат луѓето. Документот е инспириран од порака која била испратена преку радиосигнал во 1974 година. Научниците го одредиле и најдоброто време од годината за испраќање на нивната порака и потенцијалните цели до кои таа би била испратена.


Фото: Pixabay

Во пораката е вклучена и „адресата“ на нашата планета во случај таа да стигне до далечна цивилизација.

Како вонземјаните ќе ја разберат нашата порака?

Пораката не е напишана на јазик, туку е претставена како бит-мапа, што користи бинарен код за создавање слика со пиксели. Пораката од 1974 година била создадена на ист начин. Научниците претпоставуваат дека вонземјаните би имале сетило за вид бидејќи на Земјата тоа независно еволуирало повеќепати.

Во пораката има и цртеж од маж и жена, како и мапа од површината на Земјата.

Засега не се знае кога оваа порака ќе биде испратена во вселената.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука