X
 31.05.2015 Наука

Дали Месечината навистина кружи околу Земјата?


Сите планети во Сончевиот систем, вклучувајќи ја и Земјата, кружат околу Сонцето. Сонцето има огромна гравитациска сила со која ги приближува телата во својата орбита. Тогаш, зошто Месечината не кружи околу него, туку околу Земјата?

Месечината е далеку од Сонцето. Таа е поблизу до нас, многу поблизу. Гравитациската сила на Земјата затоа влијае повеќе на неа. Но, доколку погледнете подобро, Месечината кружи околу Сонцето заедно со Земјата.

Замислете два автомобили кои се тркаат околу средишна точка. Едниот автомобил симултано прави кругови околу вториот автомобил додека заедно се движат по истата патека. Во овој случај, центарот е Сонцето, првиот автомобил е Месечината, а вториот е Земјата.

Доколку не е појасно, можеби видеото во продолжение ќе го претстави концептот подобро за вас.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука