X
 23.01.2024 Наука

Видео покажува како би изгледале првите населби на Месечината

Научниците очекуваат за половина век луѓето да имаат населби на Месечината. Видео покажува како би можеле да изгледаат тие населби.

Симулација објавена од страна на Европската вселенска агенција покажува населба на површината на Месечината со градби во кои има растенија и во кои астронаутите спроведуваат експерименти.

Секоја од градбите има четири ката, а населбата е замислена да се наоѓа на работ на кратерот Шеклтон, покрај јужниот пол на Месечината. На оваа локација речиси постојано има сончева светлина, па може да се произведува енергија со соларни панели. Освен тоа, оттаму има постојан поглед на Земјата и има пристап до водени депозити, објаснуваат од агенцијата.

Ова е визија на агенцијата од 2021 година. Оттогаш Индија стана првата земја што слета во близина на јужниот пол на Месечината.


Извор: Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука