X
 02.05.2016 Технологија

Обидете се да одговорите на прашањата за интервју за работа во „Епл“

„Епл“ е една од најпрестижните компании во светот, така што не изненадува што вработувањето во оваа компанија и не е баш многу лесно.

Како и останатите технолошки компании, така и „Епл“ создава технички интервју прашања врз основа на вашите претходни работни искуства и некои доста тешки загатки. Ова се нивните најтешки прашања кои им биле поставени на кандидатите.

1. „Има една шолја жешко кафе и мал тетрапак ладно млеко во фрижидерот. Температурата во собата е помеѓу овие двете. Кога треба да се додаде млекото во кафето за да се добие најладна комбинација (на почетокот, на средината или на крајот?)“ - кандидат за инженер на продукциски дизајн.

2. „Колку тежи зградата Емпајр Стејт Билдинг?“ - кандидат за консултант за решенија

3. „Објасни што е РАМ, како да му објаснуваш на 5-годишно дете“ - кандидат за „Епл џиниус“

4. „Како функционираат крилјата на авионите?“ - кандидат за водечки инженер на системи

5. „Покажи ми 5 начини како би измерил колку бензин има во автомобилот“ - кандидат за хардвер инженерство

6. „Ако имате 2 јајца, и сакате да откриете од кој кат највисоко можете да го фрлите јајцето без да го скриште, како би го направиле тоа? Кое е оптималното решение?“ - кандидат за софтверски инженер

7. „Како би ја погодиле цената на ова пенкало?“ - кандидат за менаџер на глобална набавка

8. „Опиши интересен проблем и како сте го решиле“ - кандидат за софтверски инженер

9. „Објасни му на 8-годишно дете што е модем/рутер и како функционира“ - кандидат за „Ет хоум“ советник

10. „Колку деца се раѓаат секој ден?“ - кандидат за менаџер на глобална набавка

11. Имате 100 парички кои лежат на маса. 10 од нив се свртени со глава, а 90 со петка. Не можете да почувствувате, видете или на било кој друг начин да откриете која страна е горе, а која долу. Поделете ги паричките во две групи така што ќе има ист број на парички завртени со петка и глава во секоја група“ - кандидат за софтверски инженер

12. „Како би ја тестирале вашата омилена апликација?“ - кандидат за софтверски инженер за одговарање прашања

13. „Има три кутии - една содржи само јаболка, друга само портокали, а трета и со портокали и со јаболка. Кутиите се неточно именувани. Со отворање на само една кутија и без гледање во кутијата, вадите овошје. Со гледање на овошјето, како можете веднаш да ги именувате кутиите точно?“ - кандидат за софтверски инженер за одговарање прашања

14. „Човек се јавува и кажува дека има постар компјутер кој во суштина е тула. Што би направиле?“ - кандидат за „Кер ет хоум“ консултант

15. „Дали сте паметни“? - Кандидат за инженер

16. „Кои се вашите неуспеси и што научивте од нив?“ - Кандидат за софтверски менаџер

17. „Дали некогаш не сте се согласиле со одлука на менаџерот и како сте пристапиле до несогласувањето? Дајте специфичен пример и објаснете како ќе го коригирате несогласувањето, кој  беше крајниот резултат и како би ја опишале таа личност денес“ - кандидат за софтверски инженер

18. „Кажете нешто што сте го направиле во вашиот живот за кое сте особено горди“ - кандидат за менаџер на софтверски инженеринг

19. „Дали сте креативни? На што креативно би можеле да се сетите сега?“ - кандидат за софтверски инженер

20. „Опишете скромно искуство“ - кандидат за специјалист во малопродажба

21. „Што е поважно, одредувањето на проблемот на клиентот или создавање на добро клиентско искуство?“ - кандидат за советник „Епл ет хоум“

22. „Зошто „Епл“ го промени името од „Епл компјутерс инкорпорејтед“ во „Епл Инк“?“ - кандидат специјалист

23. „Се чини дека сте прилично позитивни - какви видови на нешта ве онерасположуваат?“ - специјалист кандидат за „Фемили рум“

24. „Покажи ми како би му покажал на клиент дека може да му помогнете сос амо користење на вашиот глас“ - кандидат за „Ет хоум“ советник

25. „Што ве доведе тука денес?“- кандидат за софтверски инженер

26. „Со оглед на тоа што апликациите преземаат многу фотографии кои биле заостанати со текот на времето, каква стратегија ќе искористите за се ослободите од овие слики со текот на времето?“  - кандидат за софтверски инженер

27. „Кој беше вашиот најдобар ден во последните 4 години? Кој беше најлошиот?“ - кандидат за менаџер на инженерски проект

28. „Кога ќе влезете во „Епл стор“ како клиент, што забележувате за продавницата/како се чувствувате кога ќе влезете?“ - кандидат за специјалист

29. „Зошто сакате да му се придружите на тимот на „Епл“ и што би ви недостигало кај моменталната работа, доколку ве вработи „Епл“?

30. „Како би тестирале тостер?“ - кандидат за софтверски инженер.

Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија