X
 02.05.2018 Живот

Местото каде што се зборуваат 138 јазици

Додека растевте сигурно слушавте различни јазици околу вас. Можеби многу, можеби неколку, можеби само еден. Но, ако сте биле во светскиот главен град на јазиците, сигурно во некој момент сте биле опкружени со стотици јазици, а можеби не сте ни биле свесни за тоа.

Според Сојузот на загрозени јазици (ЕЛА), во една област во САД се зборуваат повеќе јазици од кое и да е друго место во светот. Во Њујорк се зборуваат 800 јазици, но округот Квинс е вистински шампион. Само во овој округ се зборуваат 138 различни јазици.

-Ова е главниот град на јазичната густина во светот - вели Даниел Кoфман, професор по лингвистика, и додава дека Квинс е жариште на загрозеноста каде што се зборуваат јазици кои нема да бидат присутни за 20 или 30 години.



Дел од мапата на јазици што се зборуваат во Квинс
Фото: Business Insider

Округот е голем само 280 квадратни километри, па големиот број различни култури и јазици во него се многу збиени. Зошто има толку многу јазици? Благодарение на тоа што Њујорк е првата дестинација во САД за голем број имигранти.

Какви јазици можете да слушнете во Квинс? Англиски, грчки, филипински, урду, индонезиски, руски, јапонски, литвански, хрватски, непалски, фински, латвиски, варајски, минангкабајски и многу многу други.

Сепак, само затоа што во Квинс се зборуваат многу јазици, тоа не значи дека сите течно говорат по пет јазици. Според податоците од пописот во 2015 година, 44 отсто од населението на возраст од пет или повеќе години во Квинс дома зборуваат само англиски, додека 56 отсто зборуваат на друг јазик.

Ако сакате да станете полиглоти или хиперполиглоти, можеби инспирацијата треба да ја побарате во Квинс.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот