X
 24.02.2017 Култура

Земјите во кои се зборуваат најмногу јазици во светот

Повеќето земји имаат еден или два официјални јазици, меѓутоа многу земји знаат дека мултикултурализмот и глобализацијата значат многу повеќе од јазикот кој го зборуваат во нивните граници.

Еве какви се резултатите од земјите ширум светот.

Податоците покажуваат дека Папуа Нова Гвинеја е најјазичната земја во светот пред Индија, Кина, Мексико и Бразил.


Фото: Pixabay

Папуа Нова Гвинеја

Додека оваа мала пацифичка нација има популација од 7 милиони жители, тие зборуваат двојно повеќе од бројот на јазици кои се користат низ Европа.

Густите дождовни шуми во оваа земја и тешкиот терен значел дека многу групи на луѓе останале во значителна изолација, зачувувајќи го својот уникатен јазик.

Индонезија


Втората јазично најбогата земја е Индонезија каде се зборуваат 707 различни јазици. Поголемиот дел од нив се домородни, а некои од нив имаат влијание врз обликувањето на официјалниот јазик на нацијата, бахаса индонезиски, кој е форма на малајски јазик.

Нигерија

Во меѓувреме, во Африка, Нигерија може да се пофали со голем број јазици. Нивниот официјален е англискиот меѓутоа игбо јазикот го зборуваат 24 милиони луѓе. Исто така, чести се хауса, јоруба, фулфулде, канури и иџав.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура