Германската влада не се согласува со планот на Европската Унија за де-факто забрана за продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, според германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.
Оваа одлука, според стручни проценки, треба да ги намали испуштањата стакленички гасови за 55 отсто до 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година. Европратениците месецов го поддржаа предлогот на Брисел и сега почнуваат преговори со земјите од ЕУ за конечниот предлог-закон.
Германскиот министер за финансии посочи пречка на тој план.
-Сѐ уште ќе има калапи за мотори со внатрешно согорување, така што забраната е погрешна. Владата нема да се согласи со ваков европски закон - изјави Линднер на собирот организиран од Здружението на германската индустрија.
Тој истакна дека Германија и натаму ќе биде водечки пазар за електрични возила.
Извор: МИА