X
 12.04.2019 Здравје

Оваа африканска земја забрани да се рекламира алкохол

Властите во Етиопија ги забранија рекламите за алкохолни пијалаци за да промовираат здрав начин на живот.

Министерот за здравство на оваа земја, Амир Аман, истакна дека забраната е воведена во согласност со кампањата за здрав живот започната во источноафриканските земји.

Тој објасни дека рекламите се забранети за сите медиумски куќи, а додаде и дека таквите реклами нема да бидат дозволени ни на банери, постери, спонзорска опрема и слично.

Во февруари властите во Етиопија забранија пушење во близина на јавни институции, медицински установи и забавни центри. Забранета е и продажбата на алкохолни пијалаци на помлади од 21 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје