Нов закон, кој треба да се најде во американскиот Сенат, има за цел да воведе забрана за социјалните медиуми и технолошките платформи да не можат да имплементираат дизајни кои создаваат зависност - вклучувајќи ги тука и видеата кои сами се пуштаат (аутоплеј) или бескрајното скролање.
Законот за намалување на зависноста од социјални медиуми, претставен од републиканскиот сенатор Џош Холи, би ги забранил триковите кои овие платформи ги користат за да ги задржат вниманието на луѓето што подолго. Исто така, може да се забранат и некои од измамничките начини на кои технолошките компании ги спречуваат луѓето да се откажат од нивните сервиси. Овие нешта можеби конечно ќе им дадат на корисниците подобра контрола над интернетот и социјалните медиуми.
Законот би послужил како заштита од некои функции кои се толку манупилативни што дури и родителите од Силициумската долина не сакаат нивните деца да ги користат услугите кои самите родители ги креираат.
-Големите технологии користат бизнис модел на зависност. Голем дел од „иновациите“ во овој дел се дизајнирани не за да создадат подобри производи, туку за да добијат повеќе внимание преку користење на психолошки трикови поради кои е тешко да погледнете на страна - истакнува
Холи.
Ако законот добие зелено светло, би било потребно компаниите да ги направат нивните страници и сервиси поедноставни за навигација - тие не би можеле да ги кријат опциите за откажување, на пример, и веќе не би можеле да ги прават почетните страници толку долги што би можело да скролате засекогаш.
Фото: Freepik