X
 02.05.2020 Живот

Забранетата зона во Чернобил сега може да ја посетите виртуелно

Ако некогаш имало турнеја што може да ве одведе во темнината, и преку неа во светлината, тогаш виртуелната тура „Догс оф Чернобил виртуел тур“ ќе ви го обезбеди тоа.

Ќе ви овозможи не само да се сретнете со кучињата чиј дом е оваа зона, туку и да го истражувате местото каде што се случила најтешката нуклеарна катастрофа во светот пред 34 години во 1986 година.

Многу домашни миленици биле оставени по катастрофата. Денес таму живеат околу 600 кучиња за кои се смета дека се потомци на миленичињата што биле оставени во Припјат и околните села. Повеќето кучиња живеат во полунаселената област на градот Чернобил. 


Многу посетители на „Забранетата зона“ беа воодушевени од овие четириножни пријателчиња, а сега турата е достапна и онлајн. Добротворната организација „Клин фјучрс фонд“ работи во зоната уште од 2016 година вакцинирајќи и грижејќи се за над 1.500 кучиња. Освен тоа, организацијата успешно нашла дом за 40 кучиња во САД и во Канада.

Лукас Хиксон, претседател и коосновач на добротворната организација, вели дека нивната работа има позитивен ефект.

2
Фото: Pixabay

- Гледаме поздрави кучиња кои подолго живеат, а тоа го препишувам на помалку конкуренција на храна и засолниште. Со воспоставената програма за хранење, кучињата не мора да бараат храна, што ги штити од контакт со предатори - вели тој.

Но, во период на пандемијата, Украина воведе ограничувања за тоа кој може да влезе во зоната, па сега за кучињата е потешко затоа што ги нема традиционалните методи за добивање храна.


Популарноста на Чернобил вртоглаво се зголеми по истоимената мини-серија на Ејч-би-о. Некои туристички агенции изјавија дека резервациите се зголемиле за 30 до 40 отсто во 2019 година. Сега, кога ограничувањата за движење во зоната се во сила, имате можност за виртуелна турнеја низ неа.

Извор: Lonely Planet
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот