X
 09.04.2020 Култура

За љубителите на Ван Гог: Онлајн-тура на најпосетуваниот музеј во Холандија

Музејот „Ван Гог“ од Амстердам се приклучи на долгата листа со галерии и музеи што овозможуваат вирутелна посета на нивните колекции.

Најголемата колекција на Ван Гог во светот опфаќа 200 слики, 500 цртежи и околу 700 писма. Овие колекции што ги нуди музејот во Амстердам привлекуваат голем број обожаватели на славниот уметник.

Речиси непознат поголемиот дел од својот живот, холандскиот уметник сепак успеал да го поправи текот на историјата на сликарството. Денес е познат како еден од најголемите мајстори на уметноста.

Поврзан со постимпресионистичкото движење, неговиот обемен опус (кој опфаќа повеќе од 2.000 слики и цртежи) имал еднакво значајно влијание врз фовизмот и експресионизмот, најавувајќи некои од најголемите трендови во историјата на сликарството.

Затоа било потребно да се посвети еден вид „храм“ во кој ќе може да се прикаже широкиот спектар на неговите дела.

Во внатрешноста на овој музеј можат да се видат најголемите дела на Ван Гог.



Извор: B92.net
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура