X
 17.05.2019 Живот

Тајван е првата земја во Азија што ги легализира истополовите бракови

Тајванскиот парламент стана прв во Азија што ги легализира истополовите бракови. Одлуката доаѓа по многубројните приговори од конзервативните политичари.

Во 2017 година уставниот суд пресуди дека истополовите двојки имаат право законски да стапат во брак. Парламентот доби рок од две години и требаше да ги усвои измените до 24 мај. Пратениците дебатираа за три можни закони, меѓу кои и два понудени од конзервативците. Тие предлагаа наместо „брак“, терминот да се дефинира како „граѓанска заедница“ или „семејни врски“. Предлозите беа отфрлени, а најпрогресивниот од трите предлози беше усвоен.

- Борбата за еднаквост не застанува тука. Ќе продолжиме да се бориме против дискриминацијата, малтретирањето - изјави Џенифер Лу, главен координатор на групата за права на брачна еднаквост.

- За мене, денешниот исход не е 100 отсто совршен, но е прилично добар за геј-заедницата бидејќи обезбедува законска дефиниција - изјави Елис Ценг, геј-свештеник.

Одлуката вклучува ограничени права во случаи на посвојување од истополови парови. Активистите за правата на хомосексуалците сметаат дека законот не покажува целосна еднаквост, но е чекор кон вистинската насока.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот