X
 21.12.2015 Култура

Опасна туристичка понуда: Екскурзија на фронтот во Сирија

Ова не е паравест. „Оаза во сириската пустина“ според УНЕСКО, градот Палмира бил основан во вториот милениум пред нашата ера а во тој период бил дом на најнапредната архитектура. Местото се менувало со текот на времето, а сега градот е контролиран од страна на ИСИС и е полн со урнати храмови и споменици. Ова е само еден историски град во Сирија контролиран од ИСИС.


Смртоносниот конфликт е причина за селење на над 4 милиони жители на Сирија и се чини дека никој не би сакал да патува таму наредната година, но руската патничка агенција „Мегаполис“ не мисли така.

Од наредната година, агенцијата ќе ги нуди наречените „Асад-тури“, кои ќе траат 4-5 дена и ќе вклучуваат поглед на најопасните места во Сирија. Патувањата ќе чинат околу 1.500 долари, што ги покрива сместувањето, храната и туристичкиот водич, но не и осигурувањето.

Од агенцијата велат дека „луѓето се љубопитни да го видат пишувањето на историјата пред нив“. Овие патници ќе бидат на еден километар од фронтот, но не поблиску бидејќи не би било безбедно. Патниците нема да добиваат оружје, велат од агенцијата.

Руската агенција за патување, пак, се огласи со известување дека не примила барање за одобрување на такви тури од агенцијата. Затоа, моментално агенцијата нема право да ги продава овие патувања.

Инаку, досега во сирискиот конфликт загинале над 250.000 луѓе, а 7,6 милиони се преселиле.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура