X
 02.05.2023 Живот

Шведска го гради првиот електричен пат во светот - возилата ќе се полнат додека возат

Откако Европската Унија минатиот месец усвои историски закон со кој се бара до 2035 година сите нови продадени автомобили да имаат нулта емисија СО2, европските земји брзаат да ја подготват инфраструктурата за мобилност без фосилни горива.

Шведска ги претвора автопатите во постојан електрифициран пат - прв од ваков вид во светот.

На електричниот пат автомобилите и камионите може да се полнат додека се возат.

Експертите велат дека динамичното полнење им овозможува да поминуваат подолги растојанија со помали батерии и да избегнат чекање на станиците за полнење.

Оваа скандинавска земја прва воведе електрифицирани патишта преку неколку пилот-проекти, вклучувајќи го и првиот привремен електричен пат во светот.

- Сметаме дека решението за електрификација е патот за декарбонизација на транспортниот сектор и работиме на голем број решенија - изјави Јан Петерсон, директор за стратешки развој во „Трафикверкет“.

Избраниот пат, европската маршрута Е20, ги поврзува логистичките центри меѓу Халсберг и Орберо, лоцирани во центарот на трите главни града во земјата, Стокхолм, Гетеборг и Малме.

Изградбата треба да заврши до 2025 година.

Начинот на полнење за Е20 не е наведен, но постојат три типа на полнење: систем на синџир, индуктивен систем и подводен систем.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот