X
 05.04.2023 Живот

Колкави се казните за најчестите сообраќајни прекршоци низ Европа?

Сообраќајните прекршоци се случуваат, некому почесто, а некому поретко. Секогаш е трауматично кога ќе ве застане полиција, без разлика колку ги почитувате сообраќајните правила. Ова е особено тешко кога ќе се случи во странство.

Во некои држави казните за честите сообраќајни прекршоци, како брзо возење или користење телефон при возење, се прилично високи. На пример, доколку возите 20 километри на час побрзо од ограничувањето надвор од населено место, ќе платите казна од 585 евра во Норвешка, 215 евра во Шведска, 200 евра во Финска, 195 евра во Холандија, 180 евра во Швајцарија, 175 евра во Италија, а 60 евра во Германија.

Казната за паркирање на недозволено место во Холандија изнесува 100 евра, а во Полска 110 евра. Во Австрија таа изнесува 20 евра, во Швајцарија 40 евра, во Италија 45 евра, а во Германија 10 евра.

Кога станува збор за пиење под дејство на алкохол, возач со 1,5 промил алкохол во крвта во Италија може да остане без автомобилот. Во Шведска, доколку имате над 1 промил алкохол во крвта, може да завршите во затвор еден месец, а во Шпанија, затворската казна оди до три месеци за 1,2 промили.

Зборувањето на телефон додека возите може да ви донесе казна од 850 евра во Норвешка и 380 евра во Холандија. Шпанија тоа го санкционира со најмалку 200 евра, а Италија со 165 евра, додека во Германија казната изнесува околу 100 евра.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот