X
 30.01.2023 Живот

Доколку одите за Австрија, треба да ги знаете овие правила за да избегнете казна од 2.000 евра

Во екот на зимската туристичка сезона, австриската полиција ги предупреди возачите дека мора соодветно да ја постават и обезбедат својата ски-опрема во текот на патувањето. Во спротивно, можат да бидат казнети со високи парични казни. Доколку полицаецот смета дека скиите се лошо прицврстени, може да изрече казна до 500 евра.

А во комбинација со брзото возење и други прекршоци, како што е познатата казна за загадување на воздухот од 2.000 евра, може да добиете и забрана за возење.

Се препорачува да ги чувате скиите на покривните носачи или во кутија на покривот на автомобилот, што е најбезбедно решение за патниците во случај на нагло сопирање. Ако скиите и другата опрема ги чувате во автомобилот, ставете ги на дното на багажникот. Скиите врзете ги и прицврстете ги.

Се препорачува да имате синџири за снег бидејќи низ австриските планини има многу делници каде што патот е покриен со снег и мраз. А синџирите тогаш се задолжителни, дури и со зимски гуми.

Посебно внимание треба да се посвети на ограничувањето на брзината во еколошките области со ниски емисии, како оние на автопатите околу Салцбург. На тие места, означени со знакот IG-L, кој се наоѓа под знакот за ограничување на брзината, може да добиете и тројна казна.

Првата казна е за пребрзо возење, чија висина ќе ја одреди полицијата, втората е за загадување на воздухот и изнесува 2.000 евра. Сето тоа може да се надополни со забрана за управување со возило, која полицијата ја решава со одземање на клучевите или ставање лисици на воланот на возилото.

Покрај тоа, обрнете внимание на австриските автоматски камери за брзина, а тие освен брзото возење, можат да следат и други прекршоци.Со користење автоматско радарско фотографирање, можно е и да се санкционира некористењето сигурносен појас или зборувањето на телефон додека возите.

Извор: Raport.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот