X
 25.07.2023 Живот

Германски инструктор врши пренос во живо од часовите за возење

На часовите за возење најчесто се присутни само инструкторот и ученикот. Меѓутоа, еден инструктор во Германија добил идеја да ги држи своите часови пред поширока публика.

Фабијан Шитенхелм ги пренесува часовите преку видео во живо, а неговите часови ги гледаат стотина гледачи на „Твич“. Инструкторот и ученикот се опкружени со камери, антени и микрофони, а гледачите може да разговараат, да поставуваат прашања и да ги коментираат лекциите. Во просек, секој час го следат околу 500 лица. Меѓутоа, Фабијан ги гаси камерите доколку учениците не сакаат да бидат снимени.

Автомобилот на Фабијан, кој го користи за часовите, има три камери. Едната камера го снима просторот од перспектива на возачот, втората е насочена кон ученикот, а третата следи што се случува назад.



За здружението на возачи нема ништо спорно во начинот на кој работи Фабијан, а присуството на автошколите на социјалните мрежи е добра работа. Сепак, тие посочуваат дека преносите во живо не би смееле да им го одвлекуваат вниманието на возачот и на инструкторот.

Што велат учениците? Седумнаесетгодишната Амели вели дека веќе не ни забележува дали часот се пренесува во живо или не.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот