X
 02.05.2024 Технологија

Нова официјална постапка на Европската комисија против „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Многу е активно деновиве во Европската комисија, особено во делот што се занимава со имплементација на „дигитална“ регулатива за големите интернет компании. По истрагите против „ТикТок“, ШиИн“, „Епл“ и „Мајкрософт“, сега на ред е „Мета“ како сопственик на Фејсбук“ и „Инстаграм“. Европската комисија започнала официјална процедура за да процени дали „Мета“ го прекршува Законот за дигитални услуги.

Наводните прекршувања на политиките ги вклучуваат политиките и практиките на „Мета“ поврзани со погрешно рекламирање и политичка содржина во нејзините услуги. Тие се однесуваат и на недостапноста на ефективни алатки за граѓански дискурс во реално време и за следење на изборните процеси, во пресрет на изборите за Европскиот парламент, имајќи предвид дека „Мета“ ја исклучува својата алатка за следење во реално време за такви огласи, без соодветна замена.

Понатаму, Комисијата се сомнева дека механизмот за означување нелегална содржина, правната заштита на корисниците и внатрешните механизми за поднесување жалби не се во согласност со барањата од Законот за дигитални услуги, како и дека има недостатоци во пристапот на „Мета“ до јавно достапните податоци. Постапката била започната по добивањето на прелиминарната анализа на „Мета“ за извештајот за проценка на ризикот од септември 2023 година и последователната анализа на сите достапни податоци.

Процесот ќе се фокусира на неколку области, вклучително и лажни реклами и дезинформации (чие ширење „Фејсбук“ и „Инстаграм“ недоволно го потиснуваат), видливоста на политичката содржина (која не е правилно управувана), неефективниот надзор на граѓаните, како и на механизмот за означување нелегална содржина.

По официјалното покренување на постапката, Комисијата ќе продолжи со собирање докази, на пример со испраќање дополнителни барања за информации, спроведување разговори или увиди, а има овластување да преземе и дополнителни чекори, како што се привремени мерки и одлуки за неусогласување. Во актот за дигитални услуги не е утврден законски рок за завршување на официјалната процедура.

Извор: bug.hr

Фото: European Commission/Platform X

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија