И српскиот фото-модел Александра Добриќ го поздрави доаѓањето на „Светот на Биби“ во Србија. Таа на својот инстаграм-профил, каде има повеќе од 120.000 следбеници постираше фотографии од своите деца како уживаат во сказните на Биби, кои од 1 декември започнавме да ги прикажуваме и на српски јазик на јутјуб-каналот Бибин свет.
Тимот на „Светот на Биби“ и се заблагодари со мал подарок, кадифени кукли со ликот на Биби, Боби и Зази.
Добриќ е манекенка родена во Загреб, но од мала живее во Србија. Во 2012 година, „Gentleman’s Choice“ ја смести на листата на 25 најубави девојки од овие простори.