X
 02.06.2023 Живот

Астрофотограф направил неверојатна комбинирана панорама од Млечниот Пат

По 30 часа планирање, патување, снимање и постпродукција, астрофотографот Михаил Минков ја направил фотографијата што отсекогаш сакал да ја направи.

Неверојатната панорама од 360 степени, наречена „Очите на универзумот“, прикажува два двојни свода на Млечниот Пат кои може да се фотографираат само во одредено време од годината.

На фотографијата на Минков можеме да ги видиме и зимските и летните сводови на Млечниот Пат во сиот нивен сјај, како се издигнуваат над езерото во планините во Бугарија.

Минков со месеци сонувал да направи ваква фотографија и бил инспириран од идејата да ги види сводовите еден до друг. Иако технички било невозможно, Минков чекал на локацијата за да ги фотографира, а потоа, во постпродукција, ги споил двата свода.

- Ова е панорама што е исклучително тешко да се направи од повеќе причини. Може да се направи само во текот на еден месец во годината - вели Минков.

mlecen
Фото: Instagram


Користејќи програма наречена „Стелариум“, Минков почнал да ги проучува фазите на Месечината со цел да го одреди најдоброто време за фотографирање на сводовите.

Потоа требаше да се смести на локација без пречки или светлосно загадување за да ја претвори својата визија во реалност. На крајот патувал три часа до бугарскиот град Широка Полјана, каде што акумулираното езеро високо во планините му ја овозможило глетката.

Конечниот резултат е воодушевувачка панорама која не само што ги вклучува двата свода на Млечниот Пат, туку и неколку други небесни тела и соѕвездија.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот