X
 20.06.2023 Живот

Направил фотографија од драматична сцена во која мајка чакал го брани своето младенче од орел

Во рамнините на Масаи Мара се случила вистинска драма. Мајка чакал се обидувала да си го врати своето бебе од орелот кој ѝ го грабнал.

Фотографот Атиб Хусеин е заинтересиран за африканските животни и честопати ја посетува Африка за да ги усоврши своите фотографски вештини. Во 2021 година, во текот на патувањето во кениската Масаи Мара, тој бил сведок на оваа неверојатна сцена.

Хусеин и неговата група забележале мајка чакал која нервозно се движи со своето младенче во устата. Се чинело дека мајката била под стрес, па групата почнала да ја следи со возилото. По кратко време се случила една од најретките и најдраматични интеракции со животни што Хусеин некогаш ги видел.


- Еден орел се обиде да го грабне младенчето од устата на мајката. Таа се наведна и успеа да го избегне орелот. Орелот слета на одредено растојание и ги набљудуваше. Потоа мајката продолжи да се движи, запирајќи и набљудувајќи наоколу. Орелот направи уште неколку обиди, но секојпат мајката успеваше да го надмудри. По неколку неуспешни обиди, орелот конечно го фати младенчето, при што целата акција траеше само неколку секунди. Орелот го зграпчи младенчето, мајката се нафрли врз орелот, така што младенчето беше фрлено во лет. Но, откако падна на земја, се чинеше дека е во ред - раскажува тој.

Брзото размислување и вештините за фотографирање на Хусеин му овозможија да ја долови оваа сцена, што докажува колку е тежок животот во дивината. Преку оваа фотографија и други слични на неа тој се надева дека луѓето ќе се заинтересираат за природниот свет и ќе научат нешто повеќе за него.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Ateeb Hussain/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот