X
 02.06.2024 Живот

Кои се најстресните работни места?

Со цел да се утврди бројот на болести поврзани и предизвикани од стресот, експертите за лични повреди од веб-страницата „Claims.co.uk“ спроведоа истражување со помош на податоците за здравјето, безбедноста и животната средина во кое биле вклучени 100.000 работници од март 2022 до март 2023 година. Според тоа, рангирањето се базира на најголем број стресни болести.

Според претставник на веб-страницата, денешната клима за вработување има криза на менталното здравје.

- Основна работа е работодавците да го заштитат менталното здравје на своите вработени. Еден од главните начини да се направи тоа е редовно да се проверуваат вработените, со цел да се создаде отворена средина за да се разговара за нивните мисли и чувства - вели експертот.

Човечко здравје и социјална работа


Според извештајот, 3.530 луѓе од 100.000 вработени доживеале стрес поврзан со работата. Токму овие сектори се наоѓаат на врвот на листата со најстресни индустрии за работа - медицински професионалци, терапевти, социјални работници итн.

Јавна одбрана

Ова е втората најстресна индустрија. Веројатноста за болести поврзани со стресот кај работниците е прилично голема кај чуварите и затворските службеници.

Образование

На трето место се најде образовниот сектор. 2.720 луѓе од 100.000 вработени пријавиле стрес поврзан со работата.

Професионална, научна и техничка индустрија

Професиите како адвокатура се на високо место на листата со најстресни професии. Според извештајот, 2.310 вработени од 100.000 пријавиле стрес на работното место.

Финансии

На петто место на листата е финансискиот сектор, со 2.140 работници од 100.000 кои пријавиле болести поврзани со стресот.

Недвижности

Луѓето што работат со недвижен имот и недвижности се најдоа на шестото место со 2.070 вработени од 100.000 кои пријавиле болести поврзани со стресот.

Информации и комуникација


Работните места во овој сектор планираат, развиваат и тестираат апликации и системи покрај управување и анализа на техничките информациски и комуникациски системи и обезбедување корисничка поддршка. Овие професии се најдоа на седмото место на листата со најстресни професии.

Уметност и забава

Креативната индустрија отсекогаш била тешко поле за работа. 1.820 вработени од 100.000 пријавиле болест поврзана со стрес.

Трговија на големо и мало

Ова е сектор во кој повеќето од нас влегле во одреден момент во нашите животи, па затоа знаеме колку може да биде тешко.

Услуга за сместување и храна

На последно место се најдоа вработените во индустријата за сместување и услуги за храна.

Извор: Yahoo.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот