X
 27.12.2024 Живот

2024 година беше одлична за нив: „Форбс“ ги наведува 10. најбогати милијардери

Оваа година беше одлична за милијардерите, особено за неколку избрани среќници кои станаа побогати за повеќе од 700 милијарди долари вкупно. Повеќе од половина од 2.800 милијардери во светот се збогатија оваа година поради растот на берзите. Некои додадоа милијарди на своето богатство, а некои десетици милијарди долари.

Вкупно десет најсреќни луѓе станаа побогати за 730 милијарди долари, проценува „Форбс“. Најбогатиот човек на светот Илон Маск го постигна најголемиот успех. Тој стана првиот човек во историјата чие богатство надмина 400 милијарди долари. Маск беше најголемиот губитник меѓу милијардерите во 2022 година, но направи спектакуларно враќање: и минатата и оваа година стана побогат од која било друга личност во светот.

Седум од овогодишните десет победници доаѓаат од светот на технологијата. Доминираат лидерите на технолошките гиганти „Мета“, Алфабет“, „Оракл“, „Амазон“, Нвидија“ и „Дел“. Сите десет се државјани на САД.

Еве ги 10. милијардери што забележаа најголеми добивки во 2024 година (од 13 декември):

Илон Маск

фотоизвор: Wikipedia

Маск влезе во историјата на почетокот на овој месец како првиот човек кој надмина 400 милијарди долари богатство. Тој оваа година ја завршува за 188 милијарди долари побогат отколку што ја започнал. Акциите на неговата компанија „Тесла“ пораснаа за повеќе од 68 отсто оваа година, а неговиот стартап за вештачка интелигенција „xАИ“ собра 50 милијарди долари. Порасна и политичкото влијание на Маск. Откако донира најмалку 200 милиони долари во предизборната кампања на Трамп, тој стана клучен член на потесното опкружување на новоизбраниот американски претседател, а покрај Вивек Рамасвами, ќе го води новиот советодавен одбор на претседателот за ефикасност на владата.

Марк Закерберг


Закерберг, исто така, влезе во историјата оваа година: тој стана четвртиот милијардер чие богатство надминува 200 милијарди долари. Тој го постигна ова благодарение на зголемувањето на акциите на „Мета“ за 67 отсто, матичната компанија на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Вацап“. Оваа година беше голем камбек за Закерберг бидејќи минатата година беше меѓу најголемите губитници. Тогаш акциите на „Мета“ паднаа за околу 64 отсто.

Лери Елисон

Претседателот, главен технолошки директор и коосновач на „Оракл“ стана вториот најбогат човек во светот во септември, бидејќи вредноста на акциите на „Оракл“ флуктуира. Тој сега заостанува околу 30 милијарди долари зад Безос, но сепак е еден од најголемите добитници во 2024 година. Акциите на Оракл“ се зголемија за повеќе од 68 проценти.

Јенсен Хуанг

Хуанг поседува околу 3 отсто од „Нвидија“, компанија која ја основал во 1993 година. Тој е претседател и извршен директор на компанијата од самиот почеток. Годинава првпат влезе на листата со десетте најбогати луѓе во светот поради растот на акциите на неговата компанија за неверојатни 185 проценти.

Џеф Безос

фотоизвор: Wikipedia

Безос го основа „Амазон“ во неговата гаража во Сиетл во 1994 година. Денес тој е вториот најбогат човек во светот, околу 70 милијарди долари побогат од минатата година поради зголемувањето на акциите на „Амазон“ за 53 отсто. Благодарение на преселувањето на Флорида, веројатно заштедил околу милијарда долари поради различните даночни политики.

Мајкл Дел

фотоизвор: Wikipedia

Дел накратко се вклучи во клубот на првите десет најбогати компании во светот благодарение на порастот на акциите на „Броадком“. Дел поседува околу 210 милиони акции на компанијата благодарение на спојувањето на „ВМВер“ со компанијата во 2023 година. Пораснаа и акциите на „Дел технологии“ за повеќе од 50 отсто.

Роб, Џим и Алис Волтон

Трите деца на коосновачот на „Волмарт“, Сем Волтон, и неговите други наследници заедно поседуваат околу 45 отсто од компанијата. Тоа значеше одлична година за Роб, Џим и Алис: акциите на „Волмарт“ се зголемија за речиси 80 проценти. Најстариот син, Роб, се повлече од функцијата претседател на компанијата во 2015 година. Џим ја води семејната банка „Арвест“ и беше во управниот одбор на „Волмарт“ до 2016 година. Алис Волтон во септември ја престигна наследничката на „Лореал“ - Франсоа Бетенкур Мејерс и стана најбогатата жена на светот.

Лери Пејџ

Пејџ го основа „Гугл“ заедно со Сергеј Брин во 1998 година, а сега е во управниот одбор на матичната компанија на „Гугл“ – „Алфабет“ и е мнозински акционер. И покрај фактот што американското министерство за правда препорача да се распадне „Гугл“ поради стравувања од монопол, акциите на „Алфабет“ пораснаа за повеќе од 30 отсто оваа година, додавајќи околу 40 милијарди долари на богатството на Пејџ.

Извор: forbes.n1info.hr

Фото: Wikipedia

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот