Кога во 1907 година добил писмо со молба да им препорача на читателите 10 добри книги, прочуениот психијатар Сигмунд Фројд го одговорил следното:
„Ме замоливте да наведам 10 добри книги, без никакво дополнително објаснување. Со тоа ми дадовте можност не само да изберам книги, туку и да го интерпретирам вашето барање.
Склон сум да обрнувам внимание на деталите, па морам да се потпрам на вашиот исказ во кој го наведувате ваквото енигматично барање. Вие не кажавте 10 најдобри книги (во целата книжевност), затоа што во тој случај, меѓу многуте други, не би можел да ги изоставам Хомер, трагедиите на Софокле, Фауст од Гете, Шекспировите Хамлет, Магбет итн.
Не рековте ниту 10 најзначајни книги, меѓу кои свое место би морале да имаат научните достигнувања како оние на Коперник, или на стариот физичар Јохан Веер, Потеклото на животот од Дарвин, и многу други.
Не ме прашавте ниту за моите омилени книги, каде би ги назначил Милтоновиот Изгубениот рај и Лазарус од Хајне.
Затоа сметам дека во вашата реченица е ставен посебен акцент на зборот „добри“ и дека со овој израз целите на книги кон кои поединецот гледа како и кон „добри пријатели“ – книги во кои поединецот ужива и со задоволство ги препорачува на другите, но на таков начин што чувството на сопствената ништожност наспроти величината на тие дела, не е особено истакнато.
Затоа, ќе наведам десет „добри книги“ кои ми паднаа на памет, без претерано размислување.
10 „добри“ книги
1. Мулталули, Писма и дела
2. Радјар Киплинг, Книга за џунглата
3. Анатол Франс, На белата карпа
4. Емил Зола, Плодност
5. Димитриј Мерешковски, Романсата на Да Винчи
6. Готфрид Келер, Луѓето од Селдвил
7. Конрад Фердинанд Маер, Хутеновите последни денови
8. Томас Б. Макаоле, Критички и историски есеи
9. Теодор Гомперц, Античка филозофија
10. Марк Твен, Скици
Не знам каква намера имате со оваа листа. Делува премногу невообичаено, дури и мене.
Со вашето барање да наведам 10 добри книги, загатнавте тема на која може неизмерно многу да се каже. Затоа вака би го заклучил својот одговор, за да не стане уште поинформативен.
Искрено ваш,
Сигмунд Фројд “