X
 24.10.2024 Наука

Кој вид музика ве прави најпродуктивни на работа? Еве што вели науката

Поголемиот дел од времето музиката е многу повеќе од звуци. Таа е и мотиватор и поттикнувач додека работиме во текот на денот. Но, дали одредена музика е подобра за зголемување на продуктивноста?

Според ново истражување, можеби ќе сакате да земете предвид две важни променливи: предвидливост и новост.

- Музиката е баш таков емотивен медиум. Таа не само што може да го формира начинот на кој се чувствувате во моментот, туку може да го формира и сеќавањето на тој момент и како ја перципирате самата меморија - вели Јирен Рен, докторанд на Факултетот за психологија во технолошкото училиште во Џорџија.

Како композитор и научник, Рен долго време се интересирала за тоа каква е интеракцијата на музиката со нашиот мозок. Неодамна таа ги спроведе нејзините интереси во практика спроведувајќи серија истражувања со Такери Браун, когнитивен невролог и нејзин колега. Едно од истражувањата испитувало како музиката влијае врз способноста на лицето да обработува или да запомни нови информации.

За да утврдат дали различните ритми и мелодии имаат влијание врз когнитивните способности на луѓето, научниците побарале од 48 учесници да научат секвенции од апстрактни форми додека слушаат различни видови музика. Истражувањето откри дека познатата, предвидлива музика ја зајакнала способноста на учесниците да ги одржуваат секвенциите право.

Додека предвидливата музика може да доведе до поголема когнтивина јасност, музиката што е нова за слушателот може да ни дозволи да се држиме подолго до задачата.

- Синтаксата на џезот беше нов свет за мене кога ја открив и сè уште не можам да ја предвидам. Постојано ми приредува нови изненадувања и мислам дека таквите изненадувања додаваат малку неизвесност и ја годат точката на добро расположение, добро внимание и фокус на задачата - вели таа.

Слушањето ист вид музика постојано, сепак, отстранува дел од таа новина. Но, истата музика не одговара за сите задачи. Рен сподели некои препораки засновани и на нејзините студии и на личните искуства околу тоа кои видови музика помагаат во продуктивноста кога станува збор за специфични типови работа.

Кореспонденција

Без оглед дали станува збор за одговарање на е-пошта или разговор на „Слек“, Рен има совет. Слушајте стихови на странски јазик (или музика без никаков текст). Текстот на песните на вашиот мајчин јазик може да ви се заплетка со зборовите што ги читате и на кои формулирате одговори, создавајќи пречка во работата.

Кодирање


Кога кодира, Рен слуша брза рок-музика. Овие брзи ритми се она што ги тера луѓето да танцуваат, а брзото свирење рок во заднина додека кодирате секогаш значи поттик плус за работа.

Пишување


Научниците долго дебатираат за ефектот на Моцарт, кој опишува дека слушањето на симфониите на Моцарт предизвикува повисоки когнитивни вештини за разлика од другата музика.

- Истражувачите сметаат дека тоа е така затоа што музиката на Моцарт предизвикува добро ниво на внимание и возбуда - вели Рен. Таа смета дека класичната музика е совршена за придружно фокусирано пишување, но ги претпочита Бетовен или Шопен.

Се разбира, колку и да може музиката да биде корисна за зголемување на вниманието и фокусот, таа не е секогаш неопходна.

- Понекогаш, најдобрата музика за работење е тишината - вели таа.

Извор: Fastcompany.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука