Изолирано место во Јужен Исланд ги повикува сите што сакаат да бидат опкружени со природа - да престојуваат во приватен балон кој се наоѓа во шума.
Можете да спиете под огромното море од ѕвезди и да бидете целосно затворени во стаклен балон, а ако имате среќа, ќе имате уникатна можност да видите аурора бореалис.
Роберт Робертсон, сопственик и извршен директор на проектот „Бубл“, со седиште во Рејкјавик, вели дека некои детски соништа остануваат со нас цел живот.
- Спиењето под ѕвездите и гледањето на танцот на аурора бореалис е еден од оние доживотни соништа - вели тој.
Тој го создал овој концепт за да ги исполни соништата. А сега, поради пандемијата со која се соочува цел свет, ова може да биде совршен одмор.
- Заборавете го градот, заборавете на работата и уживајте во гледањето на танцот на аурора бореалис. Не можеме да гарантираме дека ќе ја видите поларната светлина, но ако се појави, ќе имате волшебна ноќ - вели тој.
Во балонот можат да престојуваат до двајца гости, при што децата под 6-годишна возраст можат да спијат со родителите.
Фотографии: Good News Network/SWNS