X
 26.03.2021 Живот

Саудиска Арабија ќе гради 40 луксузни вили среде пустина

Архитектонското студио „Фостер енд партнерс“ дизајнира хотел кој ќе биде сместен помеѓу пустински дини. Станува збор за хотел во рамките на голем туристички проект на Црвеното Море, реализиран од Саудиска Арабија.

Хотелот ќе биде наречен „Јужни дини“ (англ. Southern dunes) и ќе се состои од 40 вили кои ќе бидат сместени на дините. Покрај вилите, на локацијата ќе има и сауна, голем базен и повеќе ресторани. Се гради и место за сместување на 700 вработени.


Фото: The Red Sea

Хотелот ќе биде изграден на околу 100 километри североисточно од градот Умлуж, крајбрежен град во Саудиска Арабија. Околу хотелот ќе нема ништо освен песок.

Вилите ќе бидат изградени со материјали кои ќе одговараат на локацијата за да се намали зависноста од вештачко ладење. Материјалите со кои ќе бидат изградени градбите се лесни и лесни за изградба.


Фото: The Red Sea

Хотелот треба да се отвори во 2022 г. Туристичкиот проект на Црвеното Море предвидува и изградба на околу 90 ненаселени острови во морето.

Автор: Том Равенскрофт
Извор: dezeen.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот