X
 10.01.2024 Живот

Погледнете ги овие хотели кои се совршени за зимски одмор

Доколку сте љубители на зимата, а барате поинаков одмор, разгледајте ја опцијата за престој во игло. Овие хотели се совршена комбинација на луксузно и модерно, а сепак се направени за љубителите на природата.

Овие специфични хотели од мраз и снег имаат сѐ што ви е потребно за зимски одмор од соништата и без сомнение ќе ви го одземат здивот.

 
Селото Иглу се наоѓа во три држави

Сместено на ексклузивни локации во Швајцарија, Австрија и Германија, Иглу-Дорф вклучува живописно село кое се наоѓа меѓу планини, опкружено со снег. Овие снежни хотели нудат удобност, а во самото село ќе најдете ресторан, бар и сауна. Без разлика дали барате дестинација каде што ќе се забавувате со пријателите или сакате романтичен одмор, во понудата можете да најдете заеднички соби за семеен одмор или поголеми групи, а има и романтично игло со приватно џакузи. Можеби најубавото искуство е погледот на околните снежни планини.

Кухтаи

Иглу-Дорф е село изградено целосно од мраз и снег, а секоја зима почнува да се гради од нула.


Иглу-Дорф Кухтаи во близина на Инсбурк се наоѓа на 2.000 метри надморска височина. Овој уметнички хотел од снег и мраз има ресторан, бар и сауна и е идеално место за одмор на сите љубители на зимата.

Цермат



Иглу-Дорф Цермат се наоѓа на 2.727 метри надморска височина. Ова е совршено место за уживање во прекрасниот поглед на најпознатата швајцарска планина не само од сончевата тераса, туку и од џакузито.

Цугшпиц


Иглу-Дорф Цугшпиц се наоѓа на 2.600 метри надморска височина и нуди неверојатен поглед на Алпите.

Давос Клостерс


 
Овој уникатен хотел се наоѓа во срцето на ски-центарот. Иглу-Дорф Давос Клостерс со својата импресивна снежна архитектура се наоѓа на 2.620 метри надморска височина. Во текот на денот уживајте во пијалак во иглу-ресторанот, а навечер уживајте во ѕвезденото небо.

Гштад


 
Иглу-Дорф Гштад се наоѓа на 2.000 метри надморска височина во прекрасниот Бернесе Оберланд. Покрај неверојатниот поглед, велнес со сауна и џакузи, местото нуди и дрвени кабини и отворен оган.

Извор: Journal.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот