X
 15.03.2017 Живот

Запознајте ја Софи Трудо, првата дама на Канада


Софи Трудо
(Извор: Getty)

Некогашната презентерка на канадската телевизија „I-tok“, Софи Грегоар Трудо, денес е позната како сопруга на најсексипилниот светски политичар, канадскиот премиер Џастин Трудо. И додека тој е омилен заради својот шарм, непосредност, својата борба за бегалците, жените и ЛГБТ-популацијата, се чини дека нејзе јавноста тешко ја прифаќа. Дали заради успехот или заради прекрасниот сопруг, сеедно. Но таа има што да покаже. Запознајте ја првата дама на Канада.

Иако Софи цел живот го познавала неговото семејство, затоа што интензивно се дружела со неговиот брат, кој починал на 23-годишна возраст, судбинската средба меѓу нив се случила во 2003 година кога таа го водела добротворниот бал „Мерцедес-бенц гран при“.

„Се смеевме и се шегувавме, но си реков дека тој е човек кого треба да го сфатам сериозно“, изјави таа за Chatelaine.

Следниот ден му пратила порака, на која не добила одговор. Но, судбината повторно ги споила тоа лето, а тогаш Џастин не губел време: веднаш закажале средба.

„Знаев дека таа е вистинската. Беше толку убава, но и грижлива, одговорна, свесна и мила личност. Ја прашав каде се криела 32 години, затоа што цел живот ја чекав само неа“, романтично изјавува емотивниот Трудо, кој за себе вели дека е феминист и отворено покажува колку е на страна на жените.

Се венчале во 2005 година и имаат три деца – Ела Грејс, Хардин и Хавиер.

Софи смета дека е среќна жена која живее во хармоничен и среќен брак – и двајцата се залагаат за женски права, тој за себе вели дека е „феминист“, а таа е амбасадор на проектот „I´m a girl“. Дополнително, таа се залага и за зачувување на водите за пиење, и е сертифициран јога-инструктор. Софи бесконечно ужива и практицира разни спортови.

Софи потекнува од околината на Квебек, студирала комуникологија на Универзитетот Макгили, а од сите активности, ги преферира оние кои се поврзани со нејзиното семејство.

„Децата најчесто ме смеат и развеселуваат и сè што работам е да создадам подобар свет за нив и за сите деца на оваа планета.“


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот