X
 02.07.2020 Економија

Знаеш да користиш интернет? Помогни им на твоите постари блиски како да користат електронско банкарство

Чекор-по-чекор инструкции за користење на е-банкарство на Халкбанк

Имаш баба и дедо или повозрасни родители кои не баш се снаоѓаат со интернет или пак мобилни апликации? Или можеби често ги гледаш твоите роднини, соседи или други блиски повозрасни лица како чекаат редици пред банките? Помогни им да не се изложуваат на ризик!

Одењето во банка, независно дали е тоа за плаќање сметки, подигнување пензија или пак завршување на некоја друга банкарска обврска, е всушност најчестата причина зошто повозрасните лица излегуваат од дома. Меѓутоа, независно што повеќе не сме во полициски час, вирусот е присутен и секое непотребно излегување претставува ризик по нивното здравје, а токму повозрасните се и најризичната категорија.

Па тогаш, зошто не би им помогнале? Доколку тие не се снаоѓаат, би можеле ние да бидеме одговорни и свесни и да ги научиме како банкарските работи да ги завршуваат од удобноста на својот дом. Доколку твоите блиски се клиенти на Халкбанк, банката стави на располагање бесплатна серија на видео „туторијали“ во кои на едноставен начин, чекор по чекор, се даваат насоки за користење на нивното електронско банкарство.

Оваа онлајн едукација се состои од 5 видеа и е достапна на социјалните профили на Халкбанк, а ние за да ви олесниме, ви ја претставуваме и подолу. На вас само останува да им помогнете на вашите блиски.

1. Активирање на корисник на електронско банкарство за физички лица преку мобилна апликација



2. Управување со сметки и картички преку е-банкарство



3. Брзо и лесно плаќање сметки преку е-банкарство



4. Подмирување долгови и кредити преку е-банкарство



5. Менувачница и други функционалности



(комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија