X
 11.02.2019 Живот

За чиста 10ка: Нов поволен пакет на Халкбанк наменет исклучиво за студентите

Студентскиот живот е несомнено возбудлив и исполнет со бројни незаборавни доживувања, но неминовно е и дека носи свои предизвици за студентите. Непроспиени ноќи за испити, трошоци за студии, трошоци за патувања, кирии или пак различни активности и дружење...

А, кога зборуваме за трошоците, токму тие претставуваат еден од најголемите предизвици, бидејќи фокусирајќи се на студиите и на својот образовен развој, не многу од студентите можат да си дозволат истовремено и да работат. Но, можат да ги одбегнат барем сите оние навидум „ситни“ и скриени банкарски трошоци, кога станува збор за водење на своја трансакциска сметка. А, кој студент не би сакал своја лична дебитна картичка?

Токму затоа, Халкбанк нуди посебен пакет наменет исклучиво за студентите со низа поволности како за нив, така и за нивните родители. Имено, сите оние од 18 до 24 години кои поседуваат важечки индекс и што ќе земат Visa paywave дебитна картичка, добиваат бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација, бесплатен СМС и никакви трошоци за водење на трансакциската сметка.

Дополнително, ќе можат да подигнуваат готовина на сите банкомати и во земјата и во странство без никаков надомест, а она што веројатно најмногу ќе им се допадне на младите, е тоа што овој пакет нуди бесплатна мобилна апликација.

Сега студентите ќе можат конечно целосно да го уживаат својот џепарлак што родителите ќе го стават на нивната сметка, или пак во нивната стипендија, без да плаќаат провизија за тоа. И дома, и кога патуваат во странство, на располагање им се сите банкомати без дополнителни трошоци, а Visa paywave картичката, која инаку има и уникатен „младешки“ дизајн, овозможува и бесконтактно плаќање.

За чиста 10ка и едноставен студентски живот! Едноставно аплицирајте и уживајте во уникатните поволности кои ги добиваат единствено студентите!

комерцијален текст*

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот