X
 02.08.2018 Живот

Аномалиите во Европа продолжуваат

Продолжуваат жештините во Централна и Северна Европа. Континентот е зафатен од топлотен бран кој не дава знаци за скоро повлекување.

Последниот ден од јули беше најтоплиот од почетокот на годината во Германија со рекордни 39,5 степени Целзиусови. Оваа температура беше измерена во градот Бернбург. Тоа е многу блиску до рекордните 40,3 степени кои некогаш биле измерени во Германија. Измерена во околу 14:30 часот по локално време, оваа температура е највисока откако во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, каде што се наоѓа градот, се води статистика.

Од германската метеоролошка служба забележуваат дека може да има и нов рекорд.

Највисоката температура во Германија, која изнесува 40,3 степени, беше измерена во 2015 година во Китцинген, Баварија.

Нивото на водата во реката Елба се спушти на рекордно ниско ниво. Германците побараа разладување во парковите и на планините, а трговците забележаа раст во продажбата на ладни напитоци и сладолед.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот