X
 18.03.2022 Наука

Новооткриени фотографии покажуваат дека најстарите мумии се од Европа

Според неодамнешна анализа, најстарите мумии се од Европа, а не од Египет или Чиле. Анализата била заснована на фотографии направени во 60-тите години на минатиот век од страна на археологот Мануел Фариња дос Сантос, кој починал во 2001 година.

Археологот фотографирал 13 скелети закопани во гробница стара 8.000 години, во долината Садо во Португалија. Фотографиите биле пронајдени неодамна, а врз основа на нив група истражувачи успеале да ја реконструираат положбата во која биле закопани телата.

Било откриено дека телата биле врзани со супстанција која се разложила, но која овозможила зачувување на положбата на коските по закопувањето. Овој и други показатели докажале дека телата биле мумифицирани по смртта за зачувување или пренесување.


Фото: Cambridge

Досега се сметаше дека најстарата мумија е откриена во Чиле, стара 7.000 години. Во Египет биле откриени мумии стари 5.700 години.

Откриените мумии во Португалија веројатно се најстари, иако на овие тела не им било зачувано мекото ткиво.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука