X
 10.11.2017 Живот

Зошто е тешко да се одреди центарот на Европа?

Каде би отишле ако сакате да го видите срцето на Европа? Сигурно би се упатиле на точна географска точка на континентот – но, сепак, тоа ќе биде тешко место за пронаоѓање. Уште од 1989 година има научно дефинитивен одговор.

фотоизвор: commons.wikimedia.org

Постојат многу различни начини да се пресмета географски центар. Но, во случајот со Европа, дури и најпрецизната метода, едноставно геометриско тежиште, е полна со двосмисленост. Дали островите околу Европа се сметаат како дел од континентот? Ако е така, тогаш кои се тие острови? Дали тука спаѓа и Исланд? А што е со Кипар? Каде завршува Европа, а каде почнува Азија? Постојана низа на варијабли.

Картографите работеле на овој проблем уште од 1775 година, кога полскиот астроном Симон Собиекрајски, дошол до некои броеви. Неговата математика го однела до градот Сучовола во североисточна Полска. Дури е неверојатно колку од обидите за пресметување на центарот на Европа се појавиле во сопствените дворови на научниците. Во Естонија, научниците пресметале дека центарот е во нивната земја, во Белорусија во нивната итн.

Во 1989 година, Националниот географски институт на Франција објавил официјално откритие: центарот на Европа е во селото Пурнускес, северно од Вилнус, Литванија.

Гинтарас Каросас ја купил земјата која се сметала за центар во 1991 година и денес тоа место се нарекува „Парк Европа“, кој е вистинска туристичка атракција. Неодамнешно повторно мерење од француски научници покажало дека центарот на Европа е на околу 6.5 километри поблиску до градот Вилнус, но Литванците сепак го оставиле паркот таму каде што е.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот