X
 02.08.2018 Култура

Археолози пронајдоа античка работилница за глинени садови

Израелските археолози во вторникот пронајдоа остатоци од голема работилница каде уште од Римско време се изработувале садови од глина и амфори за вино.

Израелската канцеларија за антички споменици (АИА) соопшти дека при ископувањата во близина на Гедера, јужно од Тел Авив, откриена е работилница и објекти за забава со 20 капалишта и сала за игри.


Ископините во Израел од птичја перспектива
(Фото: Yitzhak Mermelstein, Israel Antiquities Authority)


Од 3 век пред Христос, цели 600 години во работилницата непрекинато се изработувале садови кои историчарите ги нарекуваат „Газа“, истакна водителката на истражувањето Ала Нагорски.

Садовите главно се користеле за чување и превоз на вино, кое се извезувало во големи количини, наведува АИА во соопштението.

„Непрекинатата изработка на тие садови најверојатно сведочи дека ова било семеен бизнис кој се пренесувал од колено на колено“, се истакнува во соопштението.

Во близина на работилницата имало две византиски капалишта и дваесет „убаво изработени“ резервоари меѓусебно поврзани со канали.

„Археолозите сметаат дека водениот комплекс бил наменет за локалното население, но и за многуте патници кои поминувале по стариот пат меѓу пристаништето во Газа и внатрешноста“, истакнува АИА.

„Откривањето на салата за игри во Гедера е ретко и необично“, прододолжува АИА. Во неа се пронајдени плочи за специјални игри како бекгемон и манцала, кои и денес се популарни на тоа подрачје.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура