Поранешен наставник од Охајо, САД, станал популарен на интернет откако дал оставка и започнал да работи во трговскиот ланец „Волмарт“ бидејќи платата била поголема за 12.000 долари годишно.
Сет Гошорн, кој има 28 години, споделил видео на „Тик-ток“ во кое известува за новото работно место по шестгодишно работно искуство како наставник.
- Не би сакал да потценам никој што сака да стане наставник, тоа е една од најблагородните професии кои може да ги имате. Размислете за тоа колку добри би биле нашите наставници доколку само се фокусираат на предавањето, а не и на втората работа за време на викендите - изјавил Гошорн.
Поранешниот наставник предавал во второ одделение во период од 5 и пол години. Минатата година, неговата годишна плата изнесувала 43.000 долари.
Платата во „Волмарт“, каде работи како менаџер во магацин, му е 55.000 долари годишно без бонусите.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Tik-tok (Printscreen)