Во планински предели на Свалбард архипелагот во Норвешка, постои морничав објект во кој се чуваат милиони примероци од
семиња од речиси секоја земја на планетата.
фото извор: Mari Tefre/Crop Trust
трезорот на семиња
Објектот е дизајниран за да ги зачува семињата од нуклеарна војна или некоја друга глобална катастрофа. Но, сега овој објект добива и сосед, односно уште еден трезор, каде што ќе се зачувуваат најважните книги и
документи од светот.
Се смета дека со денешната технологија и нејзиниот напредок ќе се успее да се зачуваат документите во наредните 1000 години. Пристап до овој објект имаат владите и истражувачките центри кои ќе можат на оваа локација да ги сместат најважните документи. Компании и индивидуа исто така, ќе можат да платат за оваа привилегија.
Информациите се поставени на фото-сензитивен филм, кој според креаторите на објектот е најдобро решение за успешно зачувување на истите.
До сега документи биле испратени од Националните архиви на Бразил и Мексико.