X
 02.09.2019 Образование

Адеми: Нема причина за штрајк, во добар дел од училиштата почна учебната година

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска изјави дека не знае во колку училишта се штрајкува, но оти во добар дел новата учебна година почна нормално. Повтори дека нема причина за штрајк и оти Владата работи на подобрување на статусот на наставниците.

- Немам информација во колку училишта се штрајкува зашто уште е рано, но знам дека во добар дел првиот училиштен ден се одвива на нормален начин, се организираат приредби и очекувам така и да продолжи -  изјави министерот Адеми, кој утрово го посети ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската населба Ново Лисиче за да го означи почетокот на учебната 2019/2020 година.

Тој им посака успех на учениците и наставниците во претстојната учебна година, а како и вчера, го повтори ставот дека нема потреба и причина за штрајк кога Владата е силно ангажирана да го подобри статусот на наставниците, нагласувајќи дека од август 2018 до овој септември платите на наставниците се зголемени над 10 отсто со двете покачувања од по 5 проценти.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование