X
 14.01.2019 Образование

Косовските образовни институции во генерален штрајк

Сите образовни институции во Косово денеска стапија во генерален штрајк со основно барање за зголемување на платите на вработените во образованието, јави дописникот на МИА од Приштина.

Централниот штрајкувачки одбор во образовниот сектор бара покачување на предвидените коефициенти во нацрт-законот за платите на вработените во образованието и културата, до нивото на оној за службениците во другите јавни сектори, што би значело зголемување на сегашните плати за 30 отсто.

Освен тоа, се бара целосно спроведување на колективниот договор за образованието, склучен меѓу Министерството за образование, наука и технологија и Обединетите синдикати на образованието, науката и културата на Косово.

Нацрт-законот за платите моментално се наоѓа на разгледување во Комисијата за јавна администрација и медиуми во Собранието на Косово и се очекува со скратена процедура да биде усвоен на една од наредните собраниски седници.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование