X
 11.11.2015 Образование

Битолските средношколци повторно маршираат во одбрана на образованието

средношколци

 

Битолските средношколци денеска повторно излегоа на протест против, како што велат, лошите реформи во образованието. Учениците од 7 средни училишта во градот маршираа точно на пладне, од средното медицинско училиште, „Др. Јован Калаузи“, преку битолски Широк Сокак до општинската зграда, носејќи пароли „Стоп за лошите реформи“, „Не сме овци за стрижење, туку мислиме со наша глава“, „Пробаа да не` закопаат, а не знаат дека сме семе“, „Денешната борба создава ново утре“ и извикуваа „Нема правда, нема мир“.


„Денес се собравме на мирен протестен марш со цел да го изразиме нашиот револт против реформите во образованието и да му докажеме на министерот дека не се повлековме и дека се уште сме тука. Повтроно ги имаме истите барања како и минатата година - укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот модел на државна матура“, изјави Бојан Петровски, член на Средношколскиот пленум.

Средношколците и денес се пожалија на притисоци да не излегуваат на протести, а на учениците од гимназијата „Јоспи Броз Тито“ им биле заклучени и вратите.

„Денес на учениците од „горната“ гимназија им беше загрозено правото на слобода, бидејќи вратите од училиштето беа заклучени и имаше притисок од директорот и наставниците кои се закануваа дека сите што ќе одат на протести, ќе бидат казнети“, изјави Дамјан Неделковски од Средношколскиот пленум од Битола.

Директорот на гимназијата „Јосп Броз Тито“, тврди дека вратите во училиштето се отворени за време на одморите, но кога почнува наставата, од безбедносни причини, вратите се заклучени. -Оваа пркаса во гимназијата се спроведува од минатата недела, кога групи од други училишта влегуваа во училишната зграда, правеа штети во тоалетите, некогаш некој го бараат за тепачка, ја реметат наставата. Со цел да не влегуваат, да не прават проблеми и наставата да се одвива непречено, за време на часовите вратите се заклучени. Оние ученици кои сакаа да одат на протест, можеа да излезат за време на одморот“, рече Кирил Печалев.

Од Средношколскиот пленум пак, обвинуваат за загрозување на правото на слободно движење.

„Реномирана, елитна и денес заклучена горна гимназија „Јосип Броз-Тито“. Имено,  учениците беа заклучени и не можеја да присуствуваат на маршот. На учениците им било кажано дека вратите се заклучени поради инспекцијата и дека треба да се вратат на час. Учениците се обиделе да му појаснат на директорот дека законски, никој не смее да го загрозува нивното право на слободно движење и дека 2 неоправдани изостаноци нема да им штетат, што се покажа како неуспешно. Некои од учениците успеале да излезат, додека останатите останаа затворени во училиштето до завршувањето на 6тиот час. Потоа, психологот поминал низ сите училници и ги запишувал отсутните ученици во тетратка“, пишува Средношколскиот пленум на нивниот Фејсбук профил.

 


Реномирана, елитна и денес заклучена горна гимназија „Јосип Броз - Тито". Имено, учениците беа заклучени и не можеја да ...

Posted by Средношколски Пленум - Битола on Wednesday, November 11, 2015

 

 

 

Протестниот марш, организирано до Средношколскиот пленум во Битола, помина мирно и без инциденти.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование